Во Централ парк во Њујорк ќе биде отворена полска болница

од Nikola Popovski

Градот Њујорк го очекува бродот болница на американската морнарица кој треба да пристигне денеска а ќе служи за сместување на обични пациенти, додека инжинерите работат на инсталација на полска болница во Централ парк.

Болницата ќе служи за негување на инфицирани од коронавирус и ќе има капацитет од 68 места.

Како што изјави синоќа гувернерот Ендру Куомо, болницата треба да биде отворена во вторник.

Проектот го изведува меѓународната христијанска хуманитарна организација „Ташничка на самаритјаните“. Според организацијата, во болницата ќе работи тим од доктори и медицински сестри од мрежата на „Здравствниот систем на планината Синај“.

Слична болница веќе работи во северниот дел на Италија, каде што има најмногу настрадани од коронавирусот.

Моментално, во градот Њујорк се забележани речиси 34 илјади случаи на коронавирус, а досега починале 776 лица

Слични содржини