Во Турција 1,2 милиони лица останаа без покрив над главата

од Stefanija Kuzmanovska

Поради последиците од разорните земјотреси кои пред една недела ја погодија турско-сириската граница, 1,2 милиони луѓе останаа без покрив над главата во југоисточниот дел на Турција, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Се стравува дека до сега од под урнатините најверојатно се извлечени и последните преживеани.

Околу 176.000 шатори се подигнати во најтешко погодените провинции во Турција. Агенцијата за катастрофи АФАД објави дека нивните работници поставиле илјадници контејнери за домување.

Речиси 400.000 луѓе досега се евакуирани од подрачјата погодени од земјотресот, покажуваат податоците на претседателскиот кабинет.

Слични содржини