Во Турција денеска се уапсени уште тројца градоначалници на големи градови, припадници на опозициски партии, по што опозицијата обвини дека зад обвинувањата за измами и изнуда стојат фабрикации за да се оправда политичкиот прогон.
Уапсени се првите луѓе на големите градови Анталија, Адана и Адаман.
Тројцата денеска уапсени градоначалници се од Републиканската народна партија (РНП). Нивното апсење заедно со уште осуммина други се надоврзува на серијата акции на апсења од октомври лани, под обвинение за измами, при што досега се уапсени стотици членови на РНП, вклучително и 11 градоначалници.
Во март беше уапсен и разрешен и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главниот ривал на Ердроган и потенцијален кандидат за претседател на Турција. По неговото апсење во Турција избувнаа масовни протести.
Претходно оваа седмица беше уапсен и поранешниот градоначалник на Измир, Тунч Сојер и 137 општински службеници, под обвинение за манипулација со тендери и измами. И Сојер е член на РНП, а според неговата адвокатка „обвинувањата се очигледно неправични, незаконски и политички мотивирани.
И РНП ги одрекува обвиненијата против нејзините членови, кои се однесуваат на криминал, поткуп и манипулација со тендери. Партијата тврди дека истрагите се политички мотивирани, за се неутрализираат заканите кон партијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.