Во угостителски објект во Тетово затекнати 18 танчерки и придружнички на гостите

од Vladimir Zorba

Угостителски објект во Тетово не ја почитувал мерката за работа до 18 часот. Во текот на денот полицијата од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции утвриле дека угостителскиот објект е отворен по работно време, а во истиот биле затекнати 18 женски лица кои работеле како танчерки и придружнички на гостите.

Како што информираат од МВР три биле од РСМ, а останатите 15 женски лица од Русија, Украина, Бугарија, Србија, БиХ , Латвија, три од нив биле затекнати во собите од мотелот.

-Странските државјанки се приведени и предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ Север за понатамошно постапување. При претресот кај А.А. (30) е пронајден и пиштол, кој е одземен за понатамошна постапка, а А.А. е приведен. Во објектот биле затекнати 49 гости и седум вработени во угостителскиот објект и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за непочитување на Одлуката на Владата за рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти заради заштита на населението од Ковид 19, стои во соопштението од Министерството.

Слични содржини