Во урнатините во Турција пронајдени 16 бебиња, префрлени во болница со авионот на Ердоган

од Vladimir Zorba

Шеснаесет бебиња кои беа пронајдени сами во Кахраманмараш по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, со авион на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беа пренесени во Анкара.

Авионот на претседателот беше ставен во состојба на подготвеност по земјотресот и веќе беше искористен за префрлување на лица во критична состојба на лекување во Анкара.

Грижата за децата, кои по се изгледа не се повредени, ќе ја преземе детска организација поврзана со Министерството за семејство.

Сопругата на турскиот претседател Емина Ердоган ги посети бебињата во средата.

Фото: Анадолија

Слични содржини