Во Вардар е уловен сом тежок 82 килограми и долг два метри

од Nikola Popovski

Сом долг два метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми е уловен во реката Вардар кај Велес, објави скопјанецот Назми Акташи.

Како што изјавил тој за Газета.мк, сомот го фатил викендов, а риболовот му е хоби.

Иако, се додава, во Вардар има такви риби, тие може да се уловат многу ретко, па Акташи вели дека имал среќа да фати токму таков вид риба.

Во изјавата, Акташи вели дека откако фотографијата била објавена на неговиот Фејсбук профил, добил понуди од разни здруженија и поединци за купување на рибата, но тој ги одбил.

Слични содржини