Во Велес ќе се гради нова социјална зграда со 29 станови

од Aleksandar Petrovski

Во близина на новите згради „Атлантис“ кај поранешен АД „Киро Ќучук“ во Велес наскоро ќе започне изградба на социјална зграда со приземје и пет ката со вкупно 29 социјални станови најави на последниот прес, градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека завчера се платени комуналиите надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Воедно најави дека наскоро свечено ќе биде означен почетокот на изградбата на социјална зграда наменета со социјално ранливи семејства од градот.

Тој додаде дека за детелите  ќе информира на свеченото започнување на градежните работи.

Слични содржини