Во Велес останаа 12 болнички капацитети и тоа на Физикалното одделение

Во општата болница во Велес, хоспитализирани се вкупно 71 пациент, од кои 61 се позитивни на Ковид 19, седуммина од нив се суспектни, додека тројца имаат негативен ПЦР тест. 31 пациент се наоѓаат на кислородна поддршка, посочува портпаролот на болницата, д-р. Весна Неделковска Николова.

Во рамки на инфективното одделение со исполнети 54 болнички кревети, нема слободно место, додека слободни кревети нуди одделението за Физикална терапија кое во Велес е второ Ковид одделение. Таму во моментов се хоспотализирани 13 пациенти, а максималниот капацитет е 25 кревети.

На Интерно Б крак пак, каде се лекуваат пациенти со последици по прележан Ковид моментално се сместени четворца пациенти, информира д-р Неделковска Николова.

Слични содржини