Во Велика Британија со денови се чека за слободен кревет во болница

од Milan1

Во Велика Британија со денови се чека за слободен кревет во болница, пишува „Индепендент“.

Пациенти од различни болници велат дека чекале повеќе од 40 часа во одделенија каде што биле оставени со брза помош. Во исто време, персоналот на болниците коментира дека тоа секојдневно се случува. Покрај тоа, има случаи кога пациенти чекаат и по 13 часа во возилата на брзата помош за да стигнат до оддел за итни случаи.

Ова важи и за возрасни и за деца, вклучително и за оние со проблеми со менталното здравје.

Според весникот, ова докажува дека зимската здравствена криза веќе се случува.

Во една од болниците, тинејџер со сериозно ментално нарушување чека речиси два дена во ургентниот центар – токму затоа што нема доволно кревети во соодветно одделение, пишува „Индепендент“.

Таков прилив на пациенти обично се случува само во зима, а оваа година е неколку месеци порано. Сега 91 отсто од сите болнички кревети во Англија се зафатени, додека прагот е 85 отсто.

 

Слични содржини