Во Владата немаше мнозинство за одлуката администрацијата да оди на минималец, вели Заев

од Vladimir Zorba

На прашањето зошто не беше прифатена мерката која ја предложи за ставање на јавната администрација на минимална плата од 14.500 денара, претседателот на СДСМ, Зоран Заев во „Само Интервју“ на „Канал 5“ Телевизија изјави дека во владата немало мнпзинство за носење на таа одлука.

– Владата немаше мнозинство и владата има целосна поддршка и се одлучи дека ова сега не треба да се прифати и е одложено за одредено време, доколку има потреба. Јас до денеска стојам на тој став, но апсолутно го почитувам тоа што го реши Владата, вели Заев.

Тој вели дека сега администрацијата е „во ќар“ бидејќи 60-70 отсто од административците сега седат дома и дека во услови кога кредитите се одложени, извршителите се одложени и има евтини кредити за подигнување, вкупната потрошувачка на граѓаните е редуцирана.

Слични содржини