Во земјава невработени се над 115 илјади граѓани

од Nikola Popovski

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во третото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 808 328 лица, од кои вработени се 693 062, а 115 266 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55.2, стапката на вработеност 47.3, а стапката на невработеност изнесува 14.3 проценти.

-При обработката на податоците за I, II и III тримесечје од 2022 година, користени се прогнозираните податоци за населението во 2022 година, усогласени со Пописот 2021, велат од ДЗС.

Слични содржини