Во земјава има 3586 активни случаи на коронавирусот

од Берта Китинска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2, Охрид-8, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје-48, Тетово-18, Велес-1, Гостивар-1, Кочани-1, Ресен-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

Слични содржини