(ВО ЖИВО) Петтата “бомба” на Заев!

од desk3

При првото објавување на разговорите, Заев напомена дека премиерот Никола Груевски и првиот човек на УБК Сашо Мијалков прислушувале над 20.000 граѓани во Македонија, меѓу кои, покрај опозицијата, прислушкувани биле и владини министри како министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска, вицепремиерот Зоран Ставревски, коалициониот партнер од ДУИ Али Ахмети и други.

Заев побара, бидејќи бил обвинет дека соработува со странска служба, да се направи вештачење на снимките од Обвинителството.

Лидерот на опозицијата најави материјални докази дека Груевски и Мијалков незаконски прислушкувале во судството, Синодот, невладини организации како и новинари.

Со второто објавување на т.н „бомба“, Заев обелодени разговор помеѓу министерката Јанкулоска и поранешниот министер за правда Михајло Маневски како договараат судска одлука во корист на брат на судијка од судскиот совет која, според разговорот, била „џокер“ за именување и разрешување судии.

Објавени беа и други телефонски разговори во кои учествуваат и Сашо Мијалков и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, кои според опозицијата, докажуваат директен упад во судството.

Јавноста беше шокирана при објавувањето на третиот дел од бомбите, во кои лидерот на опозицијата рече дека однапред било испланирано апсењето на екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски. Објавени беа телефонски разговори на Мијалков со новинарот Драган Павловиќ Латас, и сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов.

– Од разговорите ќе ви стане јасно какви заложници сме сите во сопствената држава, каде нема систем, туку се е издиригирано од таа мала група – фамилијата на Никола Груевски, посочи Заев.

При четвртата објава, Лидерот на СДСМ објави дека над 100 новинари во Македонија биле прислушувани од страна на Груевски и Мијалков, како од про-владините медиуми така и од критичките.

Како што кажа Заев, од критичките новинари, најприслушуван бил основачот на „Фокус“ Никола Младенов.

Помеѓу разговорите, се слушна интеракција помеѓу министерката Јанкуловска и Мартин Протуѓер во начинот на кој ќе се емитуваат прилози, помеѓу новинарот Драган Павловиќ Латас и министерката Елизабета Канческа-Милеска за тоа што да се објави на Сител, а за првпат се слушна и премиерот Никола Груевски во разговор со министерот Миле Јанакиески и други.

loading...

Слични содржини