(Во живо) Предлог за одземање на мандатот на Груевски

од desk2

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања  одлучува по предлогот за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на две години затворска казна.

Претседателот на мандатно имунитетната комисија  Павле Богоевски рече дека тој ќе гласа да му се одземе мандатот на Груевски затоа што извршил кривично дели и според него не е достоен да ја врши функцијата пратеник. Богоевски смета дека тој ја злоупотребил довербата на народот и не е правично се уште да зема плата од џебот на истиот тој народ.

Даде петминутна пауза, затоа што еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака да се обрати пред комисијата, но поради други обврски беше излезен од салата.

Комисијата за мандатно-имунитетни прашања ќе одлучува по предлогот за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски, кој е осуден на две години затворска казна.

ВО ЖИВО: Предлог за одземање на мандатот на Груевски

ВО ЖИВО: Предлог за одземање на мандатот на Груевски

Публикувахте от Makfax в Сряда, 7 ноември 2018 г.

 

 

Слични содржини