(Во живо) Протест против уставните измени пред Собрание

од desk2

Денеска повторно на протест пред македонското Собрание се собраа граѓани, кои се против уставните измени што се на дневен ред на собраниската седница од 13 часот.

Група граѓани и покрај студното време и снегот и денеска излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени.  Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство“.

На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира“, „Христијанско братство“, партијата „Единствена Македонија“, „Твордокорни“.

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Македонското Собрание 75.седница на која треба да се расправа за уставните измени наместо во 13:00 часот денеска ќе ја продолжи во 15:00 часот.

На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.

Протест против уставните измени…

Публикувахте от MИА.mk в Четвъртък, 10 януари 2019 г.

Протест против уставните измени

Публикувахте от MИА.mk в Четвъртък, 10 януари 2019 г.

Слични содржини