ВО ЖИВО: Свечен пречек на владината делегација предводена од Ковачевски во Софија

од Берта Китинска

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Премиерот Димитар Ковачевски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија, Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бетиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресорси, Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура, Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање, Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација, Мартин Попов, шеф на Кабинет на ПВРСМ, Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на ПВРСМ. За утр е планирана е средба со Радев.

Проследете го во живо свечениот пречек:

Слични содржини