Водечкиот американски епидемиолог: Не ни е потребна АстраЗенека

од Nikola Popovski

Водечкиот американски епидемиолог и советник на претседателот Џозеф Бајден, Ентони Фаучи, смета дека на САД не им се потребни вакцините АстраЗенка во борбата против короната.

Си-Ен-Ен известува дека Фаучи, кој е и директор на Американскиот национален институт за алергии и заразни болести, изјавил дека, дури и ако „АстраЗенка“ побара од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) за одобрување за итна употреба во САД , на неговата земја не ѝ требаат тие вакцини.

„Имаме три одлични вакцини. Дури и ако ФДА потврди дека оваа вакцина е многу добра, не ни треба друга, бидејќи имаме доволно многу добри вакцини“, рекол Фаучи.

Тој потенцирал дека не постои план да се започне со употреба на Астра Зенка веднаш, дури и ако добие одобрување, и дека ова не е обвинение против тој производ, туку дека САД договориле доволно вакцини од „Модерна“, „Фајзер“ и „Џонсон и Џонсон“, кои во целост ги исполнуваат сите потреби за имунизација, дури и во ситуација ако е потребна употреба на засилувачи, третата доза во подоцнежниот период, пренесува Танјуг.

Неколку европски земји ја запреа или ограничија употребата на вакцината АстраЗенека поради загриженост дека таа може да биде поврзана со ретка појава на тромбоза, а оваа врска помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта не е официјално потврдена.

Слични содржини