Водич за пушачи за здрав живот и фитнес

од Vladimir Zorba

Можеби звучи неверојатно, но лекарите тврдат дека пушачите кои не можат да се откажат од оваа штетна навика, можат да водат поздрав живот. Иако генерално преовладува мислењето дека луѓето кои не се одвикнуваат трајно од тутунот, во принцип не водат сметка за своето здравје, оваа теза ја „побива“ д-р Тамир Кац, коавтор на книгата „Водич за пушачи за здрав живот и фитнес“.

Според доктор Кац, идејата дека пушачите воопшто не водат сметка за своето здравје, не е точна, бидејќи тој не видел такво нешто кај ниту еден од неговите пациенти.“Многу од моите пациенти кои се пушачи редовно вежбаат, се грижат за својата исхрана и доаѓаат на редовни прегледи. Секако, јас секогаш ги охрабрувам да се откажат од пушењето бидејќи овие луѓе немаат книга или друг извор на информации за да разговараат за здравјето и фитнесот, освен советот да се откажат од пушењето. Целото населението што консумира цигари има потреба од прецизни и детални упатства и совети“ – вели д-р Кац.

Тој додава дека една од најголемите грешки што можеме да ја направиме во пристапот кон пушачите е да го ограничиме нашето влијание само на тоа да им кажеме да престанат да пушат. „Секако, откажувањето од пушење е најдоброто нешто што можете да го направите за Вашето здравје и ние, како здравствени работници, треба секогаш да го советуваме ова при прегледите“ – вели тој, но додава дека има повеќе можности што треба да ги искористи активниот пушач.

Досега се направени голем број студии кои ги анализирале индивидуалните елементи на пушење – од чадот од цигарите, катран, пепел, до никотин, проучувајќи го нивното влијание врз здравјето. Заклучоците велат дека чадот од цигарите кој се испушта при согорувањето заедно со пепелта и катранот, но и докажано штетните и потенцијално штетните соединенија кои се пронајдени во чадот се главните причини за болести поврзани со пушењето. Ова е елиминирано кај новите бездимни алтернативи, каде што процесот на согорување е заменет со загревање. Како резултат, уредите како што е IQOS, иако не се без ризик, претставуваат подобра алтернатива за пушачите кои не можат или не сакаат да се откажат од пушењето. Покрај тоа, IQOS уредите, развиени и произведени од тутунскиот гигант Филип Морис, неодамна од страна на Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) се класифицираа во категоријата производи со модифициран ризик, каде притоа Агенцијата ја објасни својата одлука дека неговата употреба е во согласност со принципите за заштита на јавното здравје.

Според студијата спроведена од д-р Константинос Фарсалинос од Центарот за кардиохирургија „Оназис“, загревањето на тутунот со употреба на најнова технологија е помалку штетно од согорувањето кое е присутно кај класичните цигари. Неговата студија посочува дека нивото на карбонили што се ослободуваат во аеросолот кој го создаваат IQOS уредите е 95 проценти пониско во споредба со чадот од цигарите. Според д-р Фарсалинос, ова огромно намалување е „одлична вест за пушачите ширум светот кои успеале да преминат на помалку штетни алтернативи на пушењето, како што е IQOS“.

Повеќе од 11 милиони луѓе ширум светот целосно ги заменија класичните цигари со овој систем за загевање на тутунот, а со напорите што ги прават пушачите да престанат да пушат или да го елиминираат чадот од тутун од нивниот секојдневен живот, секогаш им се препорачува да водат здрав начин на живот. Во својата книга, д-р Тамир Кац предлага здрава исхрана богата со овошје и зеленчук, редовна физичка активност, но исто така ја нагласува и способноста на една личност да се справи добро со стресот, бидејќи тој смета дека ова е главен фактор за подобрување на квалитетот на животот и на активните и на поранешните пушачи.

Слични содржини