Водителка на РТС кон Вучиќ: Веќе кога си нарачавте прашања…(ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера беше гостин во емисијата „Четврток во 9“ на Радио телевизија Србија (РТС).

Не би било ништо чудно, бидејќи претседателот често се појавува на телевизија и „разговара“ со водителите, но синоќа се случи еден интересен момент.

Имено, водителката Нада Гогиќ за време на емисијата рече дека Вучиќ „нарачал политички прашања“.

Тој побрза сепак да ја прекине и рече: „дека не нарачал никакви прашања“.

После емисијата, видеото се прошири на социјалните мрежи, а „Нова“ издвои дел од реакциите на граѓаните.

„Тој не нарачал ништо, а за сè што ќе праша вади шест папки“, „Повеќе нема да прави интервјуа“, „Случајно или намера прашање е сега“, се само некои од коментарите на граѓаните на социјалната мрежа Твитер.

Слични содржини