Воен авион се урна во населено место (ВИДЕО)

од Milan1

Двајца пилоти и еден цивил загинаа, откако ирански борбен авион се урна во населено место, на северозападниот дел од земјата.

Како што јави агенцијата Ирна, авионот Ф5 се урнал близу стадион во населеното место Табриз. Властите покренаа истрага за овој инцидент.

Иранските воздухопловни сили имаат повеќе воени авиони, произведени во САД, а набавени пред исламската револуција од 1979 година. Тие, исто така, имаат и авиони МИГ и Су, произведени од Русија.

Слични содржини