Воени авиони за евакуација повторно летаат од аеродромот во Кабул

од Stefanija Kuzmanovska

Воени авиони за евакуација на дипломати и цивили денеска повторно летаат од меѓународниот аеродром во Кабул, ден по хаотичните сцени и откажувањето на комерцијалните летови, пренесува Би -Би -Си.

Десетици илјади Авганистанци вчера притрчаа кон пистата на аеродромот, обидувајќи се да се качат на еден од авионите и да избегаат од земјата.

Пет лица загинаа, но не е познато дали се убиени со огнено оружје или загинале во немирите.

Локалните власти изјавија дека ситуацијата била многу помирна денес и дека многу луѓе се вратиле дома.

Очевидци велат дека сепак се слушаат повремени истрели од правецот на аеродромот.

Аеродромот во Кабул во моментов е единствената излезна точка во Авганистан.

Слични содржини