„Војаџер“ забележал бучава надвор од Сончевиот систем

од Vladimir Zorba

Вселенското летало „Војаџер 1“ на НАСА, најоддалечениот објект во вселената што некогаш го создал човекот, забележал звуци во вселената надвор од Сончевиот систем и ги снимил.

Причината за оваа нискофреквентна „бучава“ сè уште не е позната, но се претпоставува дека потекнува од плазма или меѓуѕвездени гасови.

Тоа е еден од двата вселенски бродови лансирани пред дури 44 години, Војаџер 1 влезе во меѓуѕвездениот простор во 2012 година, што го прави најоддалечениот вештачки објект во вселената и сега се наоѓа надвор од Сончевиот систем, а инструментите на леталото снимиле постојан звук.

Научниците веруваат дека најверојатно станува збор за бучава што доаѓа од вселената надвор од границите на нашиот систем и се верува дека зуењето се емитува од меѓуѕвездени гасови или плазма бранови кои се наоѓаат во претежно празен простор помеѓу ѕвездите.

– Звукот е многу слаб и монотон, бидејќи е во тесен опсег на фреквенција, рече Стела Кох Окер, соработник за истражување од областа на астрономијата во Корнел, која го забележала постојаниот звук.

Наодите сугерираат дека со меѓуѕвездениот гас се случува многу повеќе отколку што порано мислеа научниците. Научниците не се сигурни која активност може да биде причина за овој шум, но тие претпоставуваат дека тоа може да биде резултат на „термички предизвикани осцилации во плазмата“.

Истражувачите се надеваат дека анализата на овој звук ќе доведе до заклучоци за тоа како меѓуѕвездениот простор „комуницира“ со границата на Сончевиот систем и како оваа граница, позната како хелиопауза, ја обликува пошироката меѓуѕвездена околина.

Иако „Војаџер 1“ сега е имагинативно далеку од нас, дури 22 и пол милијарди километри од Земјата и не престанува да се оддалечува, може да ни испрати информации. Тоа е ограничена количина на податоци, а истражувачите добиваат околу 160 бита во секунда од леталото, што е многу помалку од 21 килобит што би можел да го испушти кога тргна на 5 септември 1977 година.

Слични содржини