„Војна“ меѓу руските и западните медиуми: Колку Руси навистина починале од коронавирусот?

од Nikola Popovski

За многу кратко време, Русија стана една од најголемите жаришта на коронавирусот во светот. Бројот на пациенти на дневна основа скокнува за околу 10,000, а вкупно се заразени повеќе од 260.000 луѓе. Како и да е, бројот за кој се расправаат руските и западните медиуми денес се однесува на оние кои починале како резултат на инфекцијата, а многумина изразија сомневање за официјалните податоци кои доаѓаат од Москва.

Според овие официјални податоци, во Русија починале 2.418 лица. Кога ќе се земе предвид вкупниот број на жители во Русија, тоа се 16 смртни случаи на милиони жители, што е значително помалку отколку во многу други земји.

Сепак, во западните медиуми, тој број со денови се доведува во прашање, а според некои наводи, тој е дури и поголем за 60 проценти.

Според Си-Ен-Ен, Русија потврди дека ги брои само оние смртни случаи кои се директна последица на вирусот.

„Во други случаи, невозможно е да се смета дека Ковид-19 е причина за смртта. Во повеќе од 60 проценти од (сомнителните) случаи, смртта е предизвикана од други фактори, како што се срцеви заболувања, малигни заболувања од четврта фаза, леукемија и други“,објави во средата Московскиот здравствен комитет.

Московските власти тврдат дека жртвите за кои постои сомнение дека се заразени се подложени на задолжителна обдукција со цел да се утврди точната причина за смртта, „што е во спротивност со практиката во други земји“.

„Наодите од обдукцијата и причините за смртта забележани во Москва се екстремно точни, а податоците се целосно отворени. Невозможно е да се именува Ковид-19 како причина за смрт во други случаи“, наведуваат официјалните лица.

Си-Ен-Ен и другите медиуми објавија оваа недела дека е забележано зголемување на смртните случаи во Москва во април, што е потврдено од податоците на граѓанскиот регистар. Градот регистрирал 11.846 смртни случаи, што е за околу 20 проценти повеќе од десетгодишниот просек на 9.866 смртни случаи. Поради тоа, статистиката во Москва, која беше најтешко погодена во Русија, се најде под внимателно испитување.

Одговорот на руските медиуми

Се разбира, Русите реагираа на сите наслови од западните медиуми, пишувајќи дека Западот се прашува „зошто од коронавирусот не починале повеќе Руси“.

„Американските медиуми се чини дека се фрустрирани дека пандемијата не убива повеќе Руси, па затоа тврдат дека бројот на загинати е поголем и покрај недостатокот на докази и инсистираат дека Москва шири дезинформации“, наведува „Раша Тудеј“.

Прикажан е пример за „Блумберг“, кој вчера објави статија под наслов „Експертите сакаат да знаат зошто вирусот не уби повеќе Руси“, кој подоцна бил изменет во „Експертите се прашуваат …“.

Слични текстови биле објавени од „Њујорк Тајмс“ и „Фајненшал Тајмс“, кои тврдат дека бројот на загинати во Русија е веројатно за 70 проценти поголем. „Раша Тудеј“ сè уште тврди дека тие се некомпетентни луѓе како соговорници за тие текстови.

РТ дури пишува дека Кина била под истиот удар, чиј одговор на епидемијата е често присутен во западните медиуми.

„Слични приказни за реакцијата на Кина кон коронавирусот постојано беа присутни во западните медиуми во текот на првите неколку месеци од пандемијата. Има аналогии со нападите врз Русија, од мрачни шпекулации дека лекарите кои извршиле самоубиство биле всушност убиени до тврдењата за масовни откази“, пренесува „Раша Тудеј“.

Да потсетиме, медиумите со денови пишуваа за мистериозните случаи во руските болници, кога за само неколку дена тројца руски лекари паднале од прозорците на болниците, што предизвика бројни сомневања.

Слични содржини