„Војна“ во Каталонија: Куман го обвини Лапорта поради Вајналдум

од Nikola Popovski

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман изјави дека претседателот на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта е главниот виновник зошто холандскиот фудбалер Џорџинио Вајналдум не ја продолжи кариерата во тимот на Ноу Камп, пренесуваат шпанските медиуми.

Вајналдум (31) во кариерата играше за Спарта, Феенорд, ПСВ, Њукасл и Ливерпул, а потоа се пресели во Пари Сен Жермен во 2021 година.

„Точно е дека направив се за да го доведам Вајналдум, но договорот пропадна затоа што претседателот повеќе се грижеше да ме изнервира отколку да го доведе играчот. Токму неговото однесување ја одложи операцијата и затоа тој го избра Пари Сен Жермен. Да не беше одолговлекувањето на Лапорта, Вајналдум ќе завршеше во Барселона“, изјави Куман.

Вајналдум моментално е на позајмица во Рома. Тој се повреди пред еден месец на тренингот на Рома, поради што нема да игра до крајот на годината, како и за холандскиот тим на Светското првенство во Катар.

Куман ја презеде Барселона во август 2020 година, а беше отпуштен во ноември 2021 година.

Слични содржини