ВОЈНА ЗА ВАКЦИНИ! Италија забранува извоз на 250.000 вакцини во Австралија

од Stefanija Kuzmanovska

Италија се повика на овластувањата на Европската унија да го блокира извозот на 250.000 дози вакцини во Австралија.

Италија ги искористи своите овластувања за да ја спречи „АстраЗенека“, изјави во четвртокот за Си-ен-ен портпаролот на италијанскиот премиер Марио Драги.

Паола Ансуини рече дека Италија и Европската комисија се договориле за акцијата.

Кон крајот на јануари, ЕУ започна јавна и брутална битка со „АстраЗенека“ поради доцнењето на вакцините, откако компанијата го извести блокот дека ќе испорача десетици милиони дози помалку од договореното до крајот на март.

Според Светската здравствена организација (СЗО), само 5,5 отсто од 447 милиони жители на блокот од 27 нации ја примиле првата доза на вакцината.

Слични содржини