Војната меѓу Шилегов и Силјановска продолжува: “Во недостаток на аргументи, Петре Ви бил пијандура“

од Берта Китинска

„Војната“ која започна помеѓу професорката Гордана Силјановска-Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Град Скопје,  Петре Шилегов од СДСМ продолжува на социјалните мрежи.

Професорката, во својата објава на Дејсбук му одговори дека има и многу објекти изградени од ВМРО-ДПМНЕ, за кои го советува дека би било добро некогаш да ги посети, но ако притоа не му настрада боемскиот живот.

„Сега Петре имаме најсовремена и нова филхармонија и реновирана Македонска опера и балет (каде патем организиравте многу настани). Не се сеќавам дека ја прекоривте и министерката Шеќеринска за прославата во прекрасниот МАКЕДОНСКИ народен театар. Таму се Петре и Музејот на македонската борба, Археолошкиот музеј, Музејот на жртвите од холокаустот итн… Би било добро да ги посетите некогаш, секако, ако тоа не значи дека ќе страда боемскиот живот“, пишува, меѓу другото Силјановска.

Денеска, најсвежа реакција е онаа на градскиот татко Шилегов, кој и возвраќа на Силјановска-Давкова за нејзините наводи се злобни, и дека го напаѓа како старата вмровска приказна – дека тој бил пијандура.

„Ех професорке Силјановска, добро е, сте се фокусирале, па сте составиле реченица без лапсус. За жал, не издржувате, па повторно на површина ја вадите целата своја злоба која се обидувате да ја сокриете со божемна наивност, и нормално, употребувате лични квалификации. Ама србите викаат “с ким си, такав си”, па и не ме чуди. Во недостаток на аргументи, Петре Ви бил пијандура. Стара вморонска приказна. Нема проблем, живејте си со таа приказна. Мора да си се тешите за сопствената инфериорност. И политичка, а очигледно и интелектуална. Тоа е. Ситна душа“, пишува Шилегов, илустрирајќи ги неговите наводи со две фотографии, едната од уништената ограда пред МНТ, а другата од еден од новите четири булевари, направени во време на неговиот мандат.

Ех професорке Силјановска, добро е, сте се фокусирале, па сте составиле реченица без лапсус. За жал, не издржувате, па…

Публикувахте от Петре Шилегов в Петък, 3 юли 2020 г.

Слични содржини