Војната од Блискиот исток се пренесе во Њујорк (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот во Газа, а тензиите и судирите меѓу израелската полиција и демонстрантите на Западниот брег не стивнуваат.

Денес беше напнато и во Њујорк, во кој има една од најголемите еврејски заедници во Соединетите држави.

Во Њујорк избувнаа судири меѓу Палестинците и нивните приврзаници од една страна и Евреите од друга, поради што полицијата мораше да интервенира.

Имено, на социјалните мрежи се појавија голем број снимки на насилство од улиците на Њујорк, каде се судрија палестински поддржувачи и припадници на еврејската заедница.

Протестите веќе влегоа во вториот ден.

Вчера прво дошло до провокации, а потоа и тепачки и анесемитски пораки, поради што полицијата интервенираше и уапси некои учесници од обете страни, а во еден ресторан, про-палестинските приврзаници ги нападнаа гостите во ресторанот.

Најопасна беше ситуацијата на 47-та улица, каде што про-палестинските приврзаници ги нападнаа Евреите и фрлаа со запаливи бомби кон нив.

Слични содржини