Војната во Украина мора да заврши пред зимата, им порача Зеленски на лидерите на Г7

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на лидерите на групата седум водечки индустриски демократии дека сака војната на Русија во Украина да заврши до крајот на годината, пред да дојде зимата, изјавија двајца европски дипломати, цитирани од Ројтерс.

Зеленски преку видеоконференција им се обрати на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД на вториот ден од нивната средба во јужна Германија.

Слични содржини