Војската на САД ќе тестира роботски воени возила

од desk2

Модерните технологии го наоѓаат патот до воените операции, а САД скоро секогаш е пионир на тоа поле. Почнувајќи од 2020 година, американските воени сили ќе тестираат роботски воени возила со цел да се намалат човечките жртви од идните воени зафати на САД.

Војници во два модифицирани Bradley Fighter Vehcles (MET-D) ќе управуваат со четири возила без екипаж и ќе анализираат како системот функционира во реални услови. Иако не се работи за воена ситуација, американската војна се надева дека ќе добие податоци кои ќе ги откријат потенцијалните проблеми или пак ќе ги открие различните начини на употреба.

Во секое MET-D возило ќе има по четири војници кои ќе контролираат по две возила без екипаж. Тие возила ќе бидат опремени со митралези од калибарот 7-62.

Тестирањата ќе се вршат во наредните неколку години, а втората фаза ќе започне во втората половина од 2021 година, кога освен лесни ќе се тестираат и средни роботски возила. Третата фаза започнува во 2023 година, кога војската на САД ќе тестира и тешки оклопни возила.

Ваквиот роботски систем ќе понуди бројни предности за војската, односно ќе го намали ризикот на кој се изложуваат војниците кога ќе бидат во контакт со непријателската страна.

Слични содржини