Војводата и војвотката не се плашат од корона: Џорџ и Шарлот реовно одат во училиште

Четири ученици од школото Томас Батерс во Лондон се дома во карантин додека ги чекаат резултатите од тестовите на коронавирусот. Како што пишуваат странските медиуми, наводно децата сами донеле одлука за изолација откако се вратиле од патување.

Тоа е училиштето во кое одат принцезата Шарлот и принцот Џорџ, децата на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон.

Од училиштето порачаа дека ги имаат превентивните мерки за заштита, како и сите останати институции.

– Сериозно го сфаќаме потенцијалниот ризик од ширење на коронавирусот и за да го запреме ги следиме упатствата. Добивме упатства како да ја спречиме инфекцијата и како да реагираме доколку се посомневаме дека некој член или ученик е изложен на вирусот или доколку покажува некакви симптоми – рекле од училиштето.

Тие додале и дека сите родители се информирани за сите случувања и дека комуницираат со училиштето како и досега за да бидат сигурни дека добиваат првовремени и проверени информации.

– Се разбира, ќе ја сочуваме приватноста на нашиот персонал и ученици, нема да го коментираме ниту еден посебен случај – истакнале.

Кејт и Вилијам не се огласиле околу овој случај, но, судејќи по пишувањата на медиумите, нивните деца редовно одат во училиште. На социјалите мрежи веднаш се јавија „паничари“ кои верно ги следат случувањата во британското кралско семејство.

– Не носете го принцот во училиште, уште само ни треба тој да се разболи и да останеме без наследник – напишал еден следач, а останатите го окарактеризирале како шега.

Слични содржини