Војвотката Меган Маркл две години чека британско државјанство

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, се уште го чека британското државјанство иако се пријавила пред две години. Барањето го предала кратко по веридбата со принцот Хари, а Кенсингтонската палата во тоа време порачала Меган да биде третирана како и сите други, пишува Daily Mail.

– Меган се уште не е британска државјанка. Можеби тоа се чини невообичаено бидејќи веќе 18 месеци е во брак со внукот на кралицата, но го прифатила фактот дека процесот за добивање државјанство е едноставно спор – рекол пријател на Меган.

Постојат неколку начини на кои може да се поднесе барање за државјанство, а Меган се пријавува како сопруга на британски државјанин. Доколку некој дојде во земјата како вереник на британски државјанин, мора да се венча во рок од шест месеци, што војвотката и го направила.

Чекањето државјанство значи дека Меган нема да може да гласа на општите избори во Англија. На членовите на кралското семејство им е дозволено да гласаат иако тие традиционално не излегуваат на избори. Меѓутоа, досега се покажало дека војвотката е подготвена да им пркоси на кралските правила. Портпаролот не сакал да открие никакви информацици за тоа дали Меган ќе гласа на претседателските избори во САД.

Војвотката во вторникот во својот дом во тајност се сретнала со поранешната кандидатска за претседател на демократитие, Хилари Клинтон.

Слични содржини