„Волк самотник, ја поддржувал Исламска држава, бил познат на полицијата претходно“: Што се знае за напаѓачот од Оукленд?

од Vladimir Zorba

Помлад маж, кој ја поддржуваше Исламска држава, избоде најмалку шест лица во супермаркет во Оукленд. Според зборовите на премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, станува збор за насилен екстремист, кој и бил познат на полицијата од порано.

Напаѓачот беше убиен од полицијата во рок од 60 секунди од нападот. Медиумите наведуваат дека станува збор за државјанин на Шри Ланка, кој живее во Нов Зеланд од 2011 година.

„Насилен екстремист изврши терористички напад врз невини цивили“, рече премиерот за време на прес -конференцијата.

Како што се наведува, напаѓачот им бил познат на безбедносните агенции од 2016 година.

– Нашите безбедносни служби знаеја за ова лице од порано и тој постојано беше под надзор. Малкумина имаме такви што ги следиме – рече Ардерн, нагласувајќи дека е очајна за се што се случи.

Полицајците кои го следеле напаѓачот мислеле дека влегол во продавницата за да купи нешто. Меѓутоа, извадил голем нож и случајно тргнал да ги боде луѓето околу него.

– Тука има некој што има нож, има нож – може да се слушне жена како зборува во видеото што се појави на социјалните мрежи по нападот.

Потоа се слуша истрел на снимката. Испукани се најмалку десет проектили.

– Направивме се што е во наша моќ да го следиме и фактот дека го ликвидиравме напаѓачот во рок од 60 секунди најдобро покажува колку бевме блиску цело време – изјави премиерот.

Таа го опиша напаѓачот како „волк самотник“ кој ја поддржувал Исламскадржава и бил инспириран од екстремистичката идеологија.

– Според законот, не би можеле да го држиме во затвор – изјави премиерот.

Од шесте ранети, тројца се во критична состојба, додека едно лице е во тешка состојба, соопшти болницата.

Ардерн посочи дека секој напад врз муслиманската заедница би бил погрешен, и дека само напаѓачот е одговорен за хоророт што се случил и никој друг.

Слични содржини