Volkswagen би можел да направи и електричен спортски автомобил

од Vladimir Zorba

Volkswagen се уште се занимава со идејата за спортски автомобил. Иако е доцна за сериски модел со мотор со внатрешно согорување, постои можност за електричен спортски автомобил со лого на VW.

Во соопштението за печатот, кое вообичаено се однесува на развојот на електричните погони, има и дел за можноста за моќен погон за употреба кај спортските автомобили.

Германската компанија веќе работи на нова технологија за електрични автомобили и вели дека ќе биде подготвена за следната генерација електрични возила, која ќе се базира на еволуцијата на денешната платформа MEB.

Volkswagen вели дека ќе биде возможен спортски автомобил со потенцијална нулта емисија со повеќе од 500 kW/680 КС.

Внатрешно позната како MEB Evo, ревидираната платформа ќе му помогне на Volkswagen да ги намали трошоците за развој за околу 20 проценти.

Сепак, пред евентуалниот спортски автомобил, Volkswagen ќе претстави неколку теренци, седани и хечбеци.

Слични содржини