Volkswagen го зголеми профитот, проблемите во синџирите на снабдување остануваат

од Vladimir Zorba

Германскиот производител на автомобили Volkswagen успеа да го зголеми оперативниот профит во 2022 година и покрај војната во Украина и енергетската криза. Исто така, ги зголеми приходите додека обемот на продажбата падна.
Групацијата се уште се справува со последиците од тесните грла при набавката на суровини и тековните проблеми во некои синџири на снабдување.

Како што соопшти во вторникот вечерта компанијата од Волфсбург, оперативната добивка пред специјалните ефекти се зголемила за 12,5 отсто на 22,5 милијарди евра минатата година, според првите пресметки. Растот е значително помал од претходната година, но во согласност со очекувањата, наведува германската новинска агенција dpa.

Висината на нето добивката во концернот се уште не е објавена, таа треба да биде објавена на 14 март. Што се однесува до приходите, тие изјавија дека пораснале од 250,2 милијарди евра во 2021 година на 279 милијарди евра лани или за 11,5 отсто. Една од причините за тоа е најверојатно повисоките просечни цени на испорачаните возила, бидејќи е намален бројот на продадени возила.

Речиси хроничниот недостиг на микрочипови и друга електроника предизвика одложување на производството и долго чекање кај клиентите кај многу производители, вклучително и Volkswagen. Германскиот производител, втор по големина во светот по Toyotа, минатата година испорача седум отсто помалку возила на клиентите од претходната година.

Групацијата Volkswagen продаде 8,26 милиони возила минатата година, по околу 8,88 милиони во 2021 година. Продажбата се зголеми само во азиско-пацифичкиот регион, а дури и таму на најважниот кинески пазар се намали за 3,6 проценти.

Сепак, продажбата на електрични модели повторно се зголеми. Марките на концернот Toyot продале нешто повеќе од 572.000 од нив минатата година, што е за 26 отсто повеќе од 2021 година.

Слични содржини