Volkswagen Golf II продаден за повеќе од 80.000 евра

од Vladimir Zorba

Во САД, втората генерација Golf на аукција достигна неверојатна цена од 87.000 американски долари или 80.300 евра.

Баш така, некој за VW Golf II издвоил сума за која можеш да го добиеш новиот Golf R, а тоа два примероци. И за толку висока цена, вината е кај двајца купувачи кои се „степаа“ и ги подигнаа сумите до небо.

Имено, текот на аукцијата го следеше вообичаениот ритам до сумата од околу 35.000 американски долари, а потоа со своите понуди се истакнаа двајца корисници, Кбод и Паблов. Останатите паднаа на 45.000 долари, а потоа двајцата се нафрлија на голфот како да доаѓа судниот ден.

Застанале на споменатата сума што ја понудил Паблов, пишува „Index“.

Аукцијата Bring-A-Trailer предизвика неверојатен интерес. Во неа учествуваа повеќе од илјада корисници, а огласот собра над 620 коментари.

Да кажеме и дека објектот на аукцијата бил VW Golf II GTI 16V од 1992 година со поминати 85.000 километри. Возилото е во повеќе од пристојна состојба, со богата опрема и комплетна сервисна историја.

Слични содржини