Volkswagen Golf со 1080 КС (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Екстремно модифицираната четврта генерација на Volkswagen Golf развива дури 1080 КС и создава фантастичен звук.

Сопственикот од Данска вложил многу време и пари за да го реализира својот импресивен проект. Го презел погонот од Golf R32, моделот од четвртата генерација со погон на четири тркала, кој го „пресади“ во караван верзија.

R32 е придвижуван од 3,2-литарски атмосферски VR6 мотор, но во овој случај волуменот е зголемен на речиси 3,3 литри. Сега има подобрено коленесто вратило, спојни прачки и клипови, а инсталиран е и огромен турбополнач Garrett G42-1450…

Менувачот од петтата генерација на Golf е спарен со модифицираниот мотор, но тој е преработен за да работи секвенцијално. За време на нормалното возење, возачот мора да ја користи спојката кога менува брзини, но при поголеми брзини ова дејство е можно без отпуштање на педалата за гас, т.е. со полн гас.

Двете оски имаат диференцијали со ограничено лизгање Haldex, сопирачките се преземени од Audi RS4 од 2006-2008 година, а тука се и KW V3 амортизери и пружини.

Слични содржини