Volkswagen очекува пад на цената на половните автомобили

од Vladimir Zorba

Цените на половните автомобили се на највисоко ниво на сите времиња и најверојатно наскоро ќе паднат, објави финансискиот оддел на Volkswagen.

„Сега сме на врвот“, изјави шефот на продажба на концернот Ентони Бандман.

Тесните грла во снабдувањето и намаленото производство во фабриките за автомобили ја зголемија цената на половните автомобили на германскиот пазар за 20-25 отсто над повеќегодишниот просек оваа година.

Со оценката дека трендот наскоро ќе оди во спротивна насока се согласи и директорот за финансиски услуги на Volkswagen, Кристијан Далхајм, како и директорот за финансии, Френк Фидлер, кој очекуваниот пресврт го припишува на воздржаност на клиентите.

„Цените веќе полека паѓаат бидејќи луѓето очекуваат рецесија и се повнимателни со парите“, рече Фидлер.

Оваа година на цените влијаеја повеќе фактори. Покрај недостигот на нови возила, тука се и последиците од војната во Украина, односно завршувањето на периодот на евтини кредити.

Слични содржини