Volkswagen повеќе не е најпродаван на кинескиот пазар

од Vladimir Zorba

BYD го престигна Volkswagen на листата на најпродавани марки во Кина.

Според податоците на CMB (China Merchants Bank International), домашниот автомобилски гигант продал дури 152.863 возила на кинескиот пазар во ноември, што е неверојатни 83 проценти зголемување во споредба со истиот месец во 2021 година.

Во исто време, Volkswagen продаде 143.602 возила, што е пад од 0,3 отсто и падна на второто место на листата на најпопуларни. Ако на резултатот на Volkswagen додадеме 36.847 продадени Audi, VW би ја задржал водечката позиција, истакнува Ројтерс.

Иако недостасуваат податоци за последните неколку денови од ноември за конечната месечна позиција, речиси е сигурно дека BYD за прв пат во историјата ќе биде најпродаваната марка на автомобили на кинескиот пазар. Успехот е уште поголем бидејќи BYD нуди само електрични автомобили и plug-in хибриди, според „Index“.

А кога станува збор за електричните автомобили, треба да се спомене и успехот на Tesla, кој ја удвои продажбата во Кина, пред се благодарение на намалувањето на цените. Да напоменеме и дека BYD планира посилен ангажман во Европа, каде што ќе понуди многу конкурентни модели. Палетата наскоро би требало да се состои од пет модели.

Слични содржини