„Волстрит журнал“: Куба и Кина планираат објект за прислушување во близина на Флорида

од Vladimir Zorba

Кина склучила таен договор со Куба за поставување на објект за прислушување на околу 100 милји од Флорида, објави „Волстрит журнал“, цитирајќи официјален разузнавач.

Весникот наведува дека тоа ќе му овозможи на Пекинг да собира електронски комуникации од југоисточните американски држави, каде што се наоѓаат бројни американски воени бази, а ќе овозможи и следење на бродскиот сообраќај, пренесе Хина.

Седиштето на американската централна команда е во Тампа, Флорида, а најголемата американска воена база Форт Либерти се наоѓа во Северна Каролина.

Двете земји постигнаа начелен договор, а Кина ќе и плати на Куба „неколку милијарди долари“ за локацијата на шпионскиот објект, пишува „Волстрит журнал“.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека не може да го коментира текстот, но додаде дека се свесни за напорите на Кина да инвестира во инфраструктура ширум светот за воени цели, „вклучително и во оваа хемисфера“.

Според весникот, последниот развој на настаните предизвикало тревога во администрацијата на Бајден.

„Заканата за Америка од Куба не само што е реална, туку е и полоша од тоа“, напиша сенаторот Марко Рубио на Твитер.

Слични содржини