„Волстрит журнал“: Тројца лабораториски работници во Вухан се разболеле уште во 2019 година

од Vladimir Zorba

Тројца истражувачи од Институтот за вирусологија во кинескиот град Вухан (WIV) побарале болничко лекување во ноември 2019 година, неколку месеци пред Кина да објави пандемија на Ковид-19, објави во неделата The Wall Street Journal, повикувајќи се на досега непознат извештај на американското разузнавање .

Американскиот весник пишува дека извештајот, кој дава нови детали за бројот на заразени истражувачи, времето на нивната болест и нивната посета на болницата, може да ги зајакне повиците за поширока истрага дали коронавирусот можел да избега од лабораторијата, го цитира Ројтерс изданието.

СЗО одржува состанок за втората фаза од истрагата

Извештајот се појави пред состанокот на главното тело на Светската здравствена организација (СЗО) на кој се разговараше за следната фаза на истрагата за потеклото на Ковид-19. Портпарол на Советот за национална безбедност на САД немаше коментар за пишувањето на „Волстрит журнал“, но рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сè уште има „сериозни прашања во врска со раните денови на пандемијата, вклучувајќи го и нејзиниот извор во НР Кина“.

Додаде дека владата на САД работи со СЗО и други држави на експертска проценка на потеклото на пандемијата „што нема да биде предмет на влијание или политизација“.

„Ние нема да даваме изјави што прејудицираат во тек студија на СЗО за изворот на вирусот САРС-Ков-2, но ни беше јасно дека меѓународни експерти треба темелно да ги проценат разумните и технички веродостојни теории“, рече портпарол на Советот за национална безбедност.

„Волстрит журнал“ објави дека сегашните и поранешните официјални лица на САД, запознаени со разузнавачките информации за истражувачите во кинеската лабораторија, дадоа голем број ставови за силата на дополнителните докази што го поддржуваат извештајот, додека неименувано лице рече дека е потребна „понатамошна истрага и дополнителни докази“ .

САД, Норвешка, Канада, Велика Британија и други земји изразија загриженост во март за студија на СЗО за потеклото на Ковид-19 и повикаа на понатамошно истражување и целосен пристап до сите релевантни податоци за луѓе, животни и други во раната фаза на епидемијта. Вашингтон сака да постигне подобра соработка и транспарентност во Кина. Во неделата, кинеската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар.

Кина: Бегството на вирусот од лабораторијата е малку веројатно

Во неделата, кинеското Министерство за надворешни работи забележа дека група научници на СЗО заклучиле дека „бегството“ на вирусот од лабораторијата е крајно малку веројатно, по посетата на Институтот за вирусологија Вухан во февруари. „САД продолжуваат да претеруваат со теоријата за протекување на вируси од лабораториите. Дали станува збор за загрижено пребарување на изворот на пандемијата или обид за свртување на вниманието?“, кинеското министерство одговори на барањето за коментар на „Волстрит журнал“.

Администрацијата на Трамп соопшти дека се сомнева дека вирусот избегал од кинеска лабораторија, што Пекинг го негира. Во документот на американскиот Стејт департмент објавен доцна во мандатот на Трамп се вели дека „американската влада има причина да верува дека неколку истражувачи на WIV се разболеле есента 2019 година, пред првиот идентификуван случај на коронавирус, со симптоми во согласност со Ковид-19 и нормален сезонски грип“.
Во извештајот не се наведува колку истражувачи се вклучени.

Кина одби да му обезбеди на истражувачкиот тим на СЗО необработени податоци за првите случаи на Ковид-19, објави Ројтерс во февруари, што потенцијално може да го комплицира разбирањето за тоа како започна пандемијата.

Слични содржини