Вонреден инспекциски надзор во градинката во која деца играат на несоодветна музика

од Берта Китинска

Во врска со информациите, што беа објавени во порталот „Слободен печат“, дека во детска градинка во Општина Карпош на децата им се пушта несоодветна музика, Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека веднаш ќе испрати вонреден инспекциски надзор во соодветната установа за згрижување и воспитување на децата.

-Јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на Програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува. Надлежните инспекциски служби ќе ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на Програмата, по што ќе предложат соодветни мерки., соопштија од МТСП

Слични содржини