Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса

од Vladimir Zorba

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип за 25-годишниот
пациент кој починал од сепса, информираат од Министерството за здравство.

Момчето починало на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје каде што било донесено во многу тешка состојба.

Роднини на момчето на социјалните мрежи споделуваат дека починало оти во штипската болница дренот по интервенцијата на забот му бил ставен наопаку, поради што била предизвикана сепса, а било испратено дома.

Слични содржини