Вонредна информација од ЦУК за пожар во фабриката во штипската ТИРЗ

од Берта Китинска

Денеска околу 10 часот избувнал пожар во фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип.

-Во периодот од 10,10 до 11,15 часот ТППЕ Штип имале интервенција на запалена печка и кровна конструкција на објект во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ (Технолошко индустриска развојна зона – Штип). Истиот е локализиран од страна на екипа на ТППЕ Штип. Во гаснењето на пожарот учествувале 4 пожарникари со 2 ПП возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди. Матреијалната штета дополнително ќе се утврдува, велат од ЦУК.

Слични содржини