Вонредна состојба во Мајами поради голем број на туристи

од Vladimir Zorba

Градот Мајами Бич на југот на Флорида прогласи вонредна состојба во саботата поради преголемиот број туристи за време на пролетната пауза, додека пандемијата на коронавирус продолжува да коси.

Градоначалникот на Мајами Бич, Дан Гелбер објави дека во тоа популарно туристичко место во саботата е воведен полициски час, а шеталиштата покрај плажата биле затворени, пренесува порталот „Јаху њуз“.

Двете мерки ќе бидат во сила најмалку три дена, рече градоначалникот и потврди дека се водат разговори за продолжување на ограничувачкиот режим.

Официјалните податоци покажуваат дека делови од Јужна Флорида сè уште се жаришта на ширење на коронавирус, а од почетокот на пандемијата во оваа американска сојузна држава, потврдени се повеќе од два милиони случаи на Ковид-19.

Слични содржини