Вонредната состојба ќе се продолжи за уште две недели

од Vladimir Zorba

Владата ќе предложи продолжување на вонредната состојба за уште две недели, дознаваме од наши извори.

Се очекува денеска шефот на државата, Стево Пендаровски да ја прифати одлуката и да јапрогласи на пресконференција подоцна.

Ова доаѓа откако лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски не успеале да договорат датум за избори во јуни.

Оттука се отвора можноста за избори на 5 јули според закажаните термини.

Рокот на третата вонредна состојба истекува денеска, а поради нејзино воведување на 19 мат поради воведување на вонредната состојба беа прекинати веќе започнатите изборни активности за предвремените парламентарни избори, кои требаше да се одржат на 12 април.

Слични содржини