Вонредни избори единствено би ја втурнале земјата во нова политичка, економска и општествена неизвесност, вели Заев

од Vladimir Zorba

Почеток на преговорите ни треба веднаш, затоа што ги имаме исполнето сите услови. „Европеизација веднаш, европеизација постојано“ е нашата заложба на која ќе работиме со полн капацитет, изјави премиерот Зоран Заев.

Истакна дека со Алтернатива имаат мнозинство за стабилна влада и за сериозни решенија кои ќе ги држат здравствениот и енергетскиот систем – стабилни.

„Во време на глобална пандемиска криза и неизвесност и во време на европска енергетска криза, на Северна Македонија најпотребна и е токму стабилна Влада, а не повторно избори“, смета Заев.

Се воделе, продолжи тој, „од императивот за стабилно парламентарното мнозинство и за да се стави крај на опструкциите во Собранието“.

„Ефикасност на Собранието е во интерес на граѓаните и нивните потреби. Да ги совладаме блокадите низ дијалог во Парламентот и да и дадеме сила на Владата во спроведување на програмските политики околу кои постигнавме согласност и кои се во интерес на граѓаните.Наша заедничка констатација, која ја зајакнува новата коалиција, е дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не им се потребни предвремени или вонредни парламентарни избори. Вонредни избори единствено би ја втурнале земјата во нова политичка, економска и општествена неизвесност, но и ризик одново да се закочат европските интеграции. Доста беа кризи и незивесности. На нашата татковина и треба мирен и стабилен период“, посочи тој.

Слични содржини