Воодушевувачко видео: Принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис ракоплескаа за медицинскиот персонал

Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот ракоплескаа за медицинскиот персонал и волонтерите кои овие денови неуморно се борат против коронавирусот.

Снимката е објавена на официјалниот профил на Кенсингтонската палата и воодушеви многумина.

„Ви благодариме“, порачаа од палатата покрај видеото кое е прегледано повеќе од пет милиони пати.

„Ова ми измами солзи на очите. Ви благодарам“, „Благодарам што се сетивте“, „Ова видео делува позитивно на сите, ви благодарам“, беа само дел од коментарите на докторите, медицинскиоте сестри и техничарите и волонтерите од Велика Британија.

Слични содржини