Актуелно
Почетна / Хроника / Вооружен грабеж на банка во Ѓорче Петров

Вооружен грабеж на банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Сите клиенти кои се нашле во експозитурата, како и вработените на Банката се безбедни и се во добра состојба, потврдуваат од НЛБ Банка.

Како што соопштија од банката, во овој момент, нивни претставници се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план.

Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета.

loading...