Вооружен напад во Канада: Двајца полицајци и двајца цивили се мртви

од desk2

Канадската полиција соопшти дека привела едно лице по воружениот напад во градот Фредериктон во кој загинаа најмалку четири лица.

Двајца од загинатите се полицајци, потврдија службите.

Квартот Бруксајд, каде се случи нападот, е блокиран. Полицијата побара од граѓаните да не ги објавуваат на социјалните мрежи локациите каде се наоѓаат полициските сили.

Граѓаните исто така се предупредени да не ги напуштаат своите домови бидејќи останатите осомничени напаѓачи се во бегство и ситуацијата е „активна“.

Во реонот каде се случи инцидентот покрај приватни домови има и неколку деловни објекти. Полицијата уште не соопштува детали за инцидентот.

Во Торонто минатиот месец маж уби две лица и повреди 13, а потоа се самоуби.

Слични содржини