Вооружен напад во трговски центар во САД (ВИДЕО)

од Milan1

Две лица загинаа, а четворица други се повредени во пукање во трговски центар во Боис, главен и најголем град во државата Ајдахо во  САД, соопшти локалната полиција.

-Осомничениот убиец, кој се чини дека дејствувал сам, е уапсен и исклучена е каква било опасност за населението, изјави Рајан Ли, началник на полицијата во Боис.

Полицијата разменила истрели со осомничениот при што е повреден еден полицаец.

Не се соопштуваат детали за идентитетот на жртвите или здравствената состојба на четворицата повредени, ниту за мотивите на убиецот.

Пукањата се многу честа појава во САД, особено во училишта, супермаркети или на работно место.

Слични содржини